Опожарено возило на МВР во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Возило во сопственост на Министерството за внатрешни работи било опожарено на паркинг простор во селото Младо Нагоричане.

– На 01.03.2026 во 18:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор во село Младо Нагоричане настанал пожар во патничко моторно возило „цитроен“, сопственост на МВР, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, пожарот настнала веднаш откако полициските службеници го паркирале возилото.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци натепале скопјанец поради недоразбирање во сообраќај