Напад со дрон на аеродромот во Кувајт. Има повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку вработени на меѓународниот аеродром во Кувајт се полесно повредени во напад со дрон, соопшти Генералната управа за цивилна авијација.

 

 

Во нападот е причинета материјална штета и на терминалот 1, јавува Sky News.

Надлежните во објава на социјалната мрежа Х велат дека надлежните органи целосно ја контролираат ситуацијата и дека безбедноста на патниците и вработените е највисок приоритет.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранскиот претседател Пезешкијан е безбеден и здрав, тврдат државните медиуми