Конфликтот се шири: Нападната американска база во Бахреин, експлозии во Кувајт, Абу Даби и Катар

Сподели со своите пријатели

Бахреин потврди дека седиштето на Петтата флота на американската морнарица била цел на ракетен напад, проширувајќи го конфликтот меѓу Иран и американско-израелскиот сојуз до клучните американски воени бази во Персискиот залив.

Новинската агенција Ројтерс објави дека е забележан чад над областа Џуфер во Бахреин, дом на клучната американска поморска база која служи како седиште на Петтата флота, одговорна за операциите во Персискиот Залив и поширокиот регион на Блискиот Исток.

Претходно, Министерството за внатрешни работи на Бахреин издаде итно предупредување и ги повика граѓаните да се упатат до најблиската безбедна локација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИДФ: Иран истрела проектили кон Израел, испратено предупредување до граѓаните

Во исто време, новинската агенција Ројтерс јави дека силна експлозија се слушнала во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, додека засега нема официјални информации за причината или за евентуална штета или жртви.

Експлозиите биле пријавени и во Катар и Кувајт, каде биле активирани сирените, пренесува Al Jazeera Arabic.

Засега не е јасно дали инцидентите се поврзани со иранските напади или дали има повредени.

Овие инциденти укажуваат на брзо проширување на безбедносната криза низ Персискиот Залив, дом на голем број клучни американски воени бази и стратешки објекти, што го зголемува ризикот од поширока регионална ескалација.