Експлозии во Техеран: Израел и САД го нападнаа Иран, вонредна состојба во Тел Авив (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Израел го нападна Иран. Како што јави Би-Би-Си, Тел Авив започна, како што рече, „превентивен напад“ против Иран.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека неговата земја започнала „превентивен“ напад врз Иран.

Кац прогласи и вонредна состојба во Израел во очекување на одмазднички напади, јавува Би-Би-Си, пренесува Данас.

Израел го затвори својот воздушен простор, соопшти Министерството за транспорт.

Според иранските медиуми, во центарот на Техеран се слушнале три експлозии.

Новинската агенција Фарс јавува дека неколку проектили го погодиле иранскиот главен град, пренесува Индекс.

Би-би-си јавува дека чад може да се види над плоштадот Џомхури и плоштадот Хасан Абад во Техеран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Конфликтот се шири: Нападната американска база во Бахреин, експлозии во Кувајт, Абу Даби и Катар

Иран се подготвува да возврати по нападите утринава, изјави официјален Техеран за новинската агенција Ројтерс.

Не е јасно што значи тоа конкретно или кои цели може да ги таргетира Иран.

Ројтерс, исто така, објави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и дека е преместен на безбедно место.