Кумановскиот артист Луце ја објави својата нова песна со наслов „Магазин“, со која продолжува да го гради својот препознатлив музички израз и локална автентичност.
Песната е напишана и изведена од Лука Стојмановски – Луце, а продукцијата е на TopicBeatz и Христијан Трендафиловиќ.
Снимањето, миксот и аранжманот се реализирани од Андреј Зафировски, додека финалниот микс, мастерингот, дополнителниот аранжман и звучните ефекти се дело на Давид Ивановски.
Видеоспотот за „Магазин“ е снимен и монтиран од Димитар Долгоски, со сценарио и продукциски менаџмент на Никола Давитков, кој воедно е и извршен продуцент.
Режијата е потпишана од LXRD, а проектот е реализиран под капата на MEDIATOR Ent.
Како звучи и изгледа новиот сингл на кумановскиот артист слушнете и погледнете во продолжение:

