На Табановце спречен шверц на 4.800 пакувања никотински ќесички (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Царинска управа соречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во вредност од 1,2 милиони денари.

– Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик, информираат од Управата.

 

 

Осомничениот, како што пјаснуваат од ЦУ, е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец остана без 43.750 евра, бил измамен со криптовалути

– Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги, стои во соопштението.

 

 

Како што се додава, во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

– По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење, велат од Царина.

Никола Ивановски