Четириест и четиригодишен жител на селото Младо Нагоричане бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел без положен возачки испит.
– На 26.02.2026 во 08:45 часот во с.Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, на место викано „Света Петка“, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Д.В.(44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека Д.В. го управувал возилото без претходно положен возачки испит.
– Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

