Силен земјотрес ги погоди Курилските острови

Сподели со своите пријатели

Курилските острови на Далечниот Исток денес беа погодени од земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од шест километри и на растојание од 354 километри од Петропавловск-Камчатски.

Засега нема извештаи за можни жртви и материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија ноќва ја нападна Украина со 420 дронови, 39 ракети, десетици луѓе се повредени