Kриумчар на мигранти приведен на автопатот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

Криумчар на мигранти бил приведен вчеравечер на автопатот Скопје – Куманово, при што биле пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир,

– На 23.02.2026 околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Со силна поддршка од Владата, Куманово реализира десетици проекти (ВИДЕО)

– О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски