Војна на улиците: Брутална одмазда на картелот по смртта на водачот, 73 мртви

Сподели со своите пријатели

Мексиканскиот кабинет за безбедност соопшти дека седум блокади на патиштата остануваат активни во државата Халиско по операцијата во која беше убиен Рубен Осегере Сервантес, познат како „Ел Менчо“, водачот на картелот „Нова генерација на Халиско“ (CJNG).

Властите изјавија дека бројот на блокади е значително намален во споредба со 65-те затворања на патишта регистрирани на 22 февруари, објави „Инфобае“.

Како што беше објавено, 83 проценти од пречките, предизвикани главно од запалени возила, веќе се отстранети, додека седум делови се сè уште затворени.

Изолирани блокади беа пријавени и во државите Мичоакан и Најарит, но тие беа брзо отстранети.

Кабинетот изјави дека во координација со сите нивоа на власта, продолжува со активностите за обезбедување безбедност, пишува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекол на семејството дека ќе го има на вести, а потоа влегол во автомобил пол експлозив!

Во градот Аутлан де Наваро беше активиран „црвен аларм“, а локалните власти ја прекинаа наставата и затворија одредени јавни објекти до 25 февруари, пренесува Танјуг.

Гувернерот Пабло Лемус изјави дека образовните активности постепено ќе се нормализираат и дека вонредните мерки наскоро би можеле да бидат укинати.

Операцијата за ликвидација на „Ел Менча“ беше спроведена во планинската област Тапалпа во Халиско со учество на Министерството за национална одбрана, Националната гарда, Агенцијата за кривични истраги и Специјализираното обвинителство за организиран криминал, како и американски агенции.

По конфронтацијата, запленет е арсенал на оружје, вклучувајќи пушки и ракетни лансери, а уапсени се две лица.

Државното обвинителство (FGR) објави дека телото на водачот на најсилниот мексикански картел е генетски идентификувано во Мексико Сити.

FGR спроведува 57 истраги во 14 држави за насилство по операцијата, од кои 37 во Халиско.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Љубовницата одиграла клучна улога во „ловот“ на Ел Менчо

Најмалку 73 мртви

Мексиканските и американските власти ја оценија операцијата како значаен удар врз структурата на картелот „Нова генерација“ во Халиско и најавија продолжување на офанзивата против таа криминална група.

Како што беше претходно објавено, најмалку 73 лица загинаа во обидот на мексиканските безбедносни сили да го уапсат „Ел Менчo“, како и во бранот насилство што следеше по неговата смрт, објавија денес мексиканските власти.

Според податоците на безбедносните служби, меѓу загинатите има припадници на безбедносните сили, осомничени членови на картел и цивили.

Министерот за безбедност на Мексико, Омар Гарсија Харфуч, додаде дека во Халиско, една од мексиканските федерални држави, биле убиени околу 30 осомничени членови на криминални групи, додека четири лица биле убиени во соседната федерална држава Мичоакан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет полицајци убиени во Пакистан: Напаѓачите го запалија возилото

Меѓу загинатите има затворски чувар и вработен во канцеларијата на државниот обвинител.

„Ел Менчо“ бил на чело на една од најбрзо растечките криминални мрежи во Мексико, позната по шверцување фентанил, метамфетамин и кокаин во САД, како и за напади врз владини претставници.

Мексиканскиот министер за одбрана, Рикардо Тревиља, изјави дека властите стигнале до неговото скривалиште во Тапалпа следејќи еден од неговите партнери.

Осегера Сервантес и двајца телохранители се обиделе да избегаат во пошумена област, каде што биле сериозно ранети во размена на оган со војската.

Според Тревиља, сите тројца биле приведени, но починале на пат кон Мексико Сити.

По смртта на својот водач, картелот одговорил со бран насилство, вклучувајќи блокади на патиштата и палење возила во неколку делови од земјата.