Возеле без возачка дозвола во кумановско, приведени две лица

Сподели со своите пријатели

Две лица за едно деноноќие открила полицијата како управуваат возило без притоа да имаат возачка дозвола.

Во првиот случај со пријава се соочува 47-годишник од Општа Старо Нагоричане кој бил приведен во Челопек.

– На 23.02.2026 во 21:00 часот во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Д.Ј.(47) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Д.Ј. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица од Добрача, оти краделе во Доброшане

Во вториот случај 26-годишен возач од липковско бил приведен во центарот на Куманово.

– На 24.02.2026 во 01:20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.А.(26) од село Слупчане, липковско, велат од полицијата.

При контрола во сообраќајот, како што се наведува во соопштението, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „ауди“, управувано од Н.А. и по извршени проверки било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски