Вкупно 34 точки ќе се најдат за разгледување и одлука на утрешната шестта седница на Советот на Општина Куманово.
Меѓу нив ќе се најдат извештаи на Територијалната противпожарна единица, Полициската станица, повеќе одлуки а именување на членови во управен и надзорен одбор во институциите, но и за поскапување на цените на градинката „Ангел Шајче“.
Ќе се разгледа и препораката до УЈП во однос на проблемот кој го имаат печалбарите од Ирак и Авганистан.
Седницата започнува во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет.
Целосниот дневен ред може да го проследите во продолжение:
1. Разгледување и усвојување на Препораки до Управата за јавни приходи во врска со постапувањето при утврдување на даночни обврски за граѓани ангажирани во високоризични и воени зони (Ирак и Авганистан);
2. Информација на превземени мерки и активности во текот на 2025 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
3. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2025 година;
4. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2026 година;
5. Извештај за стекнати и распределени средства во 2025 година од ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово;
6. Предлог – Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Кочо Рацин“ – Куманово;
7. Извештај за работа на Општински совет за превенција на детско престапништво за 2025 година;
8. Извештај за реализирани активности во 2025 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;
9. Предлог – Програма на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и (ЛЕР) за 2026 година;
10. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2025 година;
11. Буџетски календар за 2026 година;
12. Предлог – Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година;
13. Предлог – Одлука за изменување на Одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“- Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата што паѓа на товар на родителите;
14. Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од буџетот на Општина Куманово за 2026 година;
16. Предлог – Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче”, Куманово – претставник од Министерство за социјална политика, демографија и млади;
17. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев” – Куманово;
18. Предлог – Одлука за формирање на Комисија за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово;
19. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во ОСТУ „Наце Буѓони” – Куманово;
20. Предлог – Решение за именување на претставници од Општина Куманово за членови на Училишниот одбор во СОУ „Перо Наков” – Куманово;
21. Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Управен одбор во ДСУ „Киро Бурназ” – Куманово;
22. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор на ЈП„Водовод“- Куманово;
23. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово Гас“- Куманово;
24. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово паркинг“- Куманово;
25. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Куманово План“- Куманово;
26. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Пазаришта“- Куманово;
27. Предлог – Одлука за именување на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на ЈП„Чистота и зеленило“- Куманово;
28. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за преземање на 1 (еден) административен службеник;
29. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 01/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ – Куманово;
30. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 02/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
31. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 03/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Пазариште“ – Куманово;
32. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 04/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
33. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 05/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
34. Предлог – Одлука за повторно објавување на јавен повик 06/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Куманово – план“ – Куманово.
Никола Ивановски

