Венецуела усвои закон за амнестија. Групиte за човекови права: „Не е доволно“

Сподели со своите пријатели

Парламентот на Венецуела, во кој доминира владејачката партија, во четврток одобри закон за ограничена амнестија за кој групите за човекови права велат дека не нуди доволно за стотиците политички затвореници во земјата.

Вршната претседателка Делси Родригез, која ја презеде власта минатиот месец откако САД го соборија претседателот Николас Мадуро, се покори на барањата на администрацијата на Трамп за продажба на нафта и ослободи стотици луѓе класифицирани од групите за човекови права како политички затвореници како дел од нормализирањето на односите меѓу двете земји.

Владата отсекогаш негираше дека држи политички затвореници и тврди дека затворениците извршиле злосторства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска официјално се повлече од договорот за забрана на противпешадиски мини

Законот беше одобрен по втората дебата во законодавниот дом предводена од братот на привремениот претседател Хорхе Родригез.

Одобрениот закон предвидува амнестија за учество во политички протести и „насилни дејствија“ што се случија за време на краткиот државен удар во 2002 година, како и демонстрации или избори во одредени месеци и години помеѓу 2004 и 2025 година.

Лицата осудени за „воен бунт“ за учество во настаните од 2019 година се исклучени од амнестијата.

Законот не ги наведува детално кривичните дела што би се квалификувале за амнестија, иако претходниот нацрт наведуваше неколку – вклучувајќи поттикнување на нелегални активности, отпор кон властите, бунт и предавство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Воен авион се урна во Иран, има мртви

Исто така, не го враќа имотот на притворените лица, не ги укинува забраните за вршење јавни функции дадени од политички причини, ниту ги укинува санкциите против медиумските компании.

Многу членови на опозицијата и поранешни дисиденти живеат во други земји за да избегнат потерници за кои велат дека се политички мотивирани.

Иако законот им дозволува на луѓето во странство да назначат адвокат кој ќе аплицира за амнестија во нивно име, тие ќе мора лично да се појават во Венецуела за да им се одобри, а законот ќе ги опфаќа само „лицата кои престанале да вршат дела што претставуваат кривични дела“, спецификација што би можела да исклучи многумина кои го продолжиле својот активизам од други земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД вршат притисок врз НАТО да ги намали мисиите, вклучително и КФОР

Законот ги укинува меѓународните потерници за оние на кои им е доделена амнестија.

Судовите мора да донесат одлука за барањата за амнестија во рок од 15 дена, според законот.

Привремената претседателка Делси Родригез го потпиша законот за амнестија откако беше одобрен од Националното собрание, опишувајќи го како почеток на процесот на нудење и примање помилувања.