Тошковски: Истрагата за запленетите 40 тони канабис резултира со кривична пријава за 10 лица и понатаму ќе се проширува

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во телевизиско гостување објави дека Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција против 10 лица, за кои постојат основани сомненија дека се поврзани со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога по член 215 од Кривичниот законик.

Двајца од осомничените веќе се во 48-часовен притвор, а истрагата што ја води МВР во координација со Обвинителството е поврзана и со дрогата пронајдена во соседна Србија, за која постојат индиции дека потекнува од производствени капацитети за т.н. медицински канабис во државава.

Министерот Тошковски во гостување во емисијата „Клик Плус“ истакна дека кривичната пријава е резултат на обемна истрага и преземени активности во изминатиот период.
„Во оваа фаза од истрагата е поднесена кривична пријава за 10 лица за кои имаме основано сомнение дека се директно или индиректно поврзани со нелегално производство и пуштање во промет на произведената дрога“, посочи министерот Тошковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тошковски: Докажавме дека со „Безбеден град“ можеме европска вредноста да реализираме во Македонија

Во рамки на контролите спроведени во производствени капацитети низ државата, одземени се околу 40 тони марихуана, за која надлежна комисија констатирала дека не била третирана согласно законските прописи.
„Индициите што ги имавме за нелегално производство, третман и чување се покажаа како точни и затекнатата дрога, за која е утврдено дека не е третирана согласно закон, е одземена“, нагласи Тошковски.

Тој потенцираше дека контролите покажале оти дел од компаниите работеле целосно законски и професионално, но кај дел се утврдени сериозни незаконитости, поради што марихуаната е одземена.
„Се поставува прашањето каде ќе завршеле тие 40 тони дрога доколку не ги одземевме“, истакна министерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тошковски: Докажавме дека со „Безбеден град“ можеме европска вредноста да реализираме во Македонија

Во однос на случајот со заплената во Србија, Тошковски нагласи дека постојат докази кои упатуваат дека дрогата влегла од Македонија и дека истрагата се води во тесна соработка со српските надлежни органи. Притоа, тој посочи дека суштинското прашање е и како таквата количина наркотична дрога влегла на територијата на Србија, имајќи го предвид начинот на функционирање на заедничките гранични контроли. „Согласно Договорот кој го имаме за One stop системот е така имплементиран да секоја гранична полиција на МВР, во рамки на граничната контрола го штити влезот во Македонија, односно излезот на Србија и влезот во Македонија. Македонските полициски службеници се на овој граничен премин и тука го контролираат влезот во Македонија. На влезот во Србија го контролираат српските полициски службеници. Значи не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Тоа е во делот на министерството за внатрешни работи. Во делот на надлежностите на останатите институции ќе видиме, ќе покаже истрагата.“, потенцираше Тошковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тошковски: Докажавме дека со „Безбеден град“ можеме европска вредноста да реализираме во Македонија

Паралелно, Владата го задолжи Министерството за здравство и надлежната комисија, во соработка со МВР и другите институции, да извршат контроли во сите лиценцирани производствени капацитети, со цел целосно утврдување на фактичката состојба и санкционирање на сите незаконитости.

„Мора најбрзо што може да ја утврдиме фактичката состојба и да ја запреме хаотичната состојба што ја наследивме“, подвлече министерот Тошковски.
Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли и активности за расчистување на сите случаи поврзани со незаконско производство и трговија со дрога.