Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека никој не може да гарантира дека лидерот на Русија, Владимир Путин, нема да започне нов напад врз Украина.
„Значи, денес, никој не може да ни даде, знаете, цврст збор – со сето должно почитување кон моќниот американски претседател и Америка како целина. Мислам, Америка е силна земја, со должно почитување, и ни се потребни нивните безбедносни гаранции. Но, дури и со сето тоа, никој не може да ни каже или да ни даде збор дека Путин нема да се врати повторно“, рече Зеленски во големо интервју со Пирс Морган.
„Кога зборуваме за безбедносни гаранции, мислиме дека ни се потребни силни безбедносни гаранции, односно остатокот од светот или некои земји да бидат подготвени да одговорат на Путин ако тој се врати со својата агресија“, рече претседателот на Украина.
Тој исто така изјави дека Соединетите Американски Држави ѝ нудат на Украина безбедносни гаранции за 15 години, но дека Киев бара обврска за период подолг од 20 години.

