Четвртото светло доаѓа на семафорите: Еве каква боја ќе биде и што ќе значи!

Сподели со своите пријатели

Низ целиот свет започнаа тестови на нов тип на семафор, кој, покрај црвената, жолтата и зелената, би можел да има и четврто – бело светло.

Причината за оваа промена е зголеменото присуство на автономни (самоуправувачки) возила во сообраќајот.

Иако класичниот систем се користи речиси еден век, експертите веруваат дека новата сигнализација би можела да го подобри протокот на возила и да го олесни преминот кон паметните сообраќајни системи на иднината.

Што значи бело светло?

Новото бело светло е наменето како дополнителен сигнал.

Би се користело за комуникација со автономни возила на раскрсници и во густи колони, овозможувајќи им безбедно координирање и поефикасно движење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовни пожари во Оклахома: Наредена евакуација на населението (ВИДЕО)

Додека автономните возила би ги следеле упатствата на белото светло, возачите на класични автомобили би продолжиле да се потпираат на стандардните сообраќајни правила и на постојниот систем на семафори.

Моментално е во фаза на тестирање

Пилот-проекти моментално се спроведуваат во американската држава Северна Каролина, претежно во контролирани области со ограничен пешачки сообраќај, како што се пристаништата и индустриските области.

Според истражувањата, воведувањето на овој систем би можело да го скрати времето на патување и да ја намали потрошувачката на гориво, но за поширока примена, голем процент од возилата на патот треба да бидат автономни.

Кога ќе дојде до промена?

Експертите нагласуваат дека за системот ефикасно да функционира, би било потребно помеѓу 30% и 40% од возилата да бидат автономни, што значи дека масовната примена сè уште не е реална во блиска иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  603,5 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Јапонија го тестира потенцијално најбрзиот воз во историјата!

Сепак, концептот се смета за подготовка за иднината на сообраќајот и паметните градови.

Дискусиите за промените на семафорите се водат со децении.

За потсетување, жолтото светло некогаш беше новина, предложено од полицаецот Вилијам Потс за да се избегне ненадејна промена од зелено во црвено.