МЗТ го освои Купот на Македонија, МКК Куманово второто место (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

По четвртти пат по ред, а вкупно 14. во историјата, МЗТ Скопје Аеродром е освојувач на националниот Куп „Благоја Герогиевски-Буштур“.

Во феноменална атмосфера креирана од полното гледалиште во спортската сала во Куманово, аеродромци беа убедливи против домаќинот на финалниот турнир, МКК Куманово, и на тој начин на продолжија победничката серија која трае, веќе со години.

 

 

Со двете тројки на искусниот Крстевски, МЗТ Скопје Аеродром се одвои на (26:19) во самиот финиш на првиот период.

Десет минути кои протекнаа во израмнета игра, во која сепак, двата точни обиди на искусното крило на „металците“ ја донесоа таа сосема солидна предност за тимот кој ја брани титулата, а во кој Гил собра осум поени во тој прв период.

 

 

Еден повеќе, на другата страна на теренот, имаше одличниот Луковиќ (додаде и три скока), додека Митевски ги погоди сите три обиди од поле.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање

Капитенот на скопските „сино-бели“, Дамјан Стојановски со тројка, донесе плус 10 за екипата фаворит (29:19) на почетокот на втората четвртина.

 

 

Имаше гостинската екипа и повисоки (32:19) по поентирањето на Смит Мексвејн.

И тука не застанаа, на половина од тој дел од финалето, НМЗТ Скопје Аердрпм се одвои на (40:24).

Знак за тренерот на МКК Куманово, Марин Докузовски да повиика тајм-аут.

 

 

Немаше промени во играта на домашната екипа која се потешко го пронаоѓаше патот до кошот на противникот.

А гостите казнуваа, имаа и (44:25), кога се играше 18.минута од финалето. Имаа и доминација во скок играта (имаа двојно повеќе скокови, 22. спрема 11. на домашната екипа).

Со шестте поени на Ѓуроски, МКК Куманово се доближи на (33:46), за полувремето да биде затворено со резултат (48:33).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање

 

 

Веќе, би се рекло, и стандардно, МЗТ Скопје имаше одлична распределба на поените. Во поентирањето, во тит 20.минути, беа „вклучени“ девет од десетте играчи кои влегоа во игра (Андоноски е повреден).

На кумановската страна, Луковиќ беше сопрен на девет поени, Митевски имаше осум, а Ѓуроски седум поени.

Во првите четири минути од второто полувреме, бранителот на пехарот притисна уште посилно. Направи серија од (14:4), доволна да се одвои на скоро недостижни (62:37).

 

 

Имаше и уште повисоки (72:45), но во последните две минути кумановци со мини-серија од (8-2), дојде до (53:73).

Продолжи домашната екипа да ја топи високата негатива, на почетокот на последната четвртина, намали на (60:76). Но тој налет, со тројка, го одби Смит Мексвејн, за повисоки (79:60), во 33.минута од финалето.
Кај ново-стариот освојувач на Купот, неколку играчи со двоен број на поени во финалето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање

 

 

Смит Мексвејн даде 19 (плус два скока(, Гил имаше 17 (и три скока), Магдевски постигна 12, но репрезентативниот бек на МЗТ Скопје, имаше и осум скока, шест асистенции, и пет освоени топки. Танасковиќ имаше двоен број на поени и скокови – по десет.

 

 

Луковиќ заврши со 13.поени (и седум скока). Ист број на реализации за МКК Куманово дојдоа од Ѓуроски кој имаше и четири скока, додека Митевски додаде 13.поени (три скока и две асистенции).

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Никола Ивановски