ТФТ го совлада Феникс во првиот меч од Купот на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на ТФТ успешно го пребродеа нешто поспориот почеток во првиот четвртфинален меч против екипата на ТФТ. Во вториот период ја стигнаа негативата, а во второто полувреме го скршија отпорот на Феникс 2010 и стигнаа до полуфиналето од националниот Куп.

 

 

Екипата на Феникс 2010 имаше подобар почеток во воведниот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија. Во раната фаза од мечот Феникс 2010 поведе со (17-10), за првиот период да биде затворен со нешто пониски (22:19).

Условно земено, гостинската екипа имаше предност (28:27), и на средината од втората четвртина. Но и тајм-аутот кој го зема тренерот Денис Дервишевиќ, не донесе прекина на серијата на поени на ТФТ. Во нецели две минути ТФТ поведе со (33:28).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МЗТ Скопје е втор полуфиналист од Купот на Македонија

 

 

Затоа, за кратко време, Дервишевиќ мораше да го потроши и втората минута предвидена за одмор и совети како понатаму.

Но ТФТ, кој пред натпреварот и важеше за фаворит, поведе и со (38:31). А одличната втора четвртина „црно-белите“ ја завршија со (27-12), за убедливо водство (46:34).

 

 

Во вториот дел од првотго четвртфинале, работите си дојдоа на своето место. Како одминуваа минутите, така фаворитот градеше водство кое се покажа како недостижно за кошаркарите на Феникс 2010.

По одличното прво полувреме, Дејвис заврши со 17.поени (плус четири скока и три додавања), исто толку имаше и Зафиров, Ташовски имаше 12, а по десет дадоа Гордон, Иванов и Стојаноси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МЗТ Скопје е втор полуфиналист од Купот на Македонија

 

 

А. Стојановски даде 16.поени (и шест скока), Рахама реализираше 14.поени (имаше и шест скока), Метјус имаше 11, а Дајсон уште десет поени за екипата на Феникс 2010.

Во полуфиналето екипата на ТФТ ќе го чека подобриот од дуелот во кој од 19.30 часот ќе играат екипите на Пелистер и МКК Куманово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

фото: Никола Ивановски