Пукање на Државниот универзитет во Јужна Каролина, две лица убиени, едно повредено

Сподели со своите пријатели

Две лица се убиени, а едно е повредено во пукање во станбениот комплекс на државниот универзитет во Јужна Каролина, во САД.

Универзитетските претставници не го потврдија идентитетот на жртвите, според соопштението од раководството на оваа институција утрово.

Училиштето го заклучи својот кампус во Оринџбург околу 21:15 часот синоќа, кога пристигна дојава за пукање. Блокадата траеше четири часа.

Истражителите излегоа на местото на настанот, а полицијата патролираше низ кампусот и околината.

Универзитетот ги откажа предавањата за денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЦИА започна пропагандна војна. На кинеските војници им нуди „посветла иднина“ (ВИДЕО)