Смилковски: Се надевам на повторување на серијата и освојување на Купот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

ТФТ против Феникс 2010 е првата четвртфинална двојка во Купот. Во петок, од 12.часот, овие две екипи ќе ја отворат четвртфиналната серија во спортската сала во Куманово.

„Се работи за екипа која донесе засилувања на завршницата од првенството и сигурно ќе биде доста сериозен предизвик за старт. Со еден сериозен пристап, ќе одиме од меч во меч, со надеж дека повторно ќе ја повториме серијата и ќе го освоиме турнирот“.

 

 

Капитенот Едис Нури го презентираше актуелниот момент во кој „живее и работи“ актуелниот лидер на табелата во „МТЕЛ“ Суперлигата:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дервишевиќ: Нашите амбиции се секогаш да играме финале (ВИДЕО)

„Тука сме во Куманово, ќе играме кошарка надвор од Скопје и тоа ме радува затоа што тоа е важно за спортот, таа децентрализација, за развој на спортот. Куманово има феноменална публика.

Што се однесува до нашето учество на Купот, кај мене потешко е да зборувам за амбициите, затоа што како клуб сме во многу лоша состојба, со месеци не сме земале плата, мојата последна плата е 2023 година. Преживуваме, тешко е, немаме спонзори, како клуб од Карпош играме во Маџари и тоа се некои работи кои не ти дозволуваат да презентираш нешто повеќе“ – искоментира најискусниот во редовите на „црно-белите“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мирковски: Ја знаеме тежината на градското дерби, ние ќе го дадеме максимумот (ВИДЕО)