Триесет и осумгодишник од Демир Капија бил приведен вчера во Куманово по пријава дека физички ја нападнал својата вонбрачна сопруга.
– На 04.02.2026 во 20:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.А. (38) од Демир Капија затоа што физички ја нападнал неговата вонбрачна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

