Нови документи на ФБИ откриваат пропусти во ноќта на смртта на Џефри Епстин

Сподели со своите пријатели

Според документите објавени од Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тој бил под надзор за можно самоубиство откако се обидел да се самоубие во затвор на 23 јули 2019 година.

Епстин го обвини својот цимер во ќелијата Николас Тартаљоне, поранешен полицаец кој се соочува со обвиненија за убиство, дека се обидел да го убие, според новообјавениот извештај на Федералното истражно биро (ФБИ) насловен како „Истрага за смртта на Џефри Епстин“, кој денес го објавува Би-Би-Си.

Според документите, истрагата за неговата смрт се чини дека ја спровела теренската канцеларија на ФБИ во Њујорк, а извештајот од 23 страници е означен како „некласифициран“ на секоја страница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва тврди дека е постигнат напредок во мировните преговори за Украина

Во извештајот се вели дека на состанокот со психолог следниот ден, откако го обвинил својот цмер во ќелијата дека се обидел да го убие, Епстин рекол дека „нема интерес да се самоубие“ и дека би било „лудо“ да си го одземе животот, според објавениот документ.

Во документот се наведува дека на 25 јули 2019 година, тој изјавил дека е „премногу убеден во својот случај“ и дека му рекол на психологот дека „има живот и сака да се врати во својот живот“.

Други документи објавени од Министерството за правда покажуваат дека затворскиот управник советувал Епстин да не биде сместен сам и ја нагласил потребата од проверки на неговата ќелија на секои половина час, како и „ненајавени посети“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Половина век по Студената војна, светот се враќа на работ на нуклеарна бездна

Цимерот на Епстин, за кого тој тврдел дека го нападнал, бил ослободен еден ден пред неговата смрт, а ноќта на 9 август, затворските чувари исто така не ги извршиле проверките закажани за 3 и 5 часот наутро, покажуваат затворските документи, додека системот за камери во тој дел од затворот исто така не работел.

Неговото тело е пронајдено за време на утринска проверка од страна на затворскиот персонал.

Документите, исто така, објавија претходно невидени фотографии на кои се гледа телото на Џефри Епстин како лежи на носилка и за него се грижат лекари веднаш по неговата смрт, како и извештај од обдукција.

Втора, редактирана верзија од истиот извештај на ФБИ, долга само 17 страници, беше исто така објавена како дел од досиејата на Епстин, и таа не вклучува извештај од психолог ниту хронологија на неговото притворање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре индиректни преговори меѓу Иран и САД