МРК Куманово утре против Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре против Вардар на гостински терен ќе го стартуваат вториот дел од тековната сезона во машката ракометна Супер лига.

Мечот започнува во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

На полусезоната МРК Куманово се најде на 10. позиција во табелата со три победи, еден нерешен резултат и 14 порази.

Во меѓувреме Вардар е лидер на табелата со само еден пораз.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илина од Куманово ќе ја претставува Македонија на Европска математичка олимпијада (ВИДЕО)