14 мигранти загинаа во судир со брод на грчката крајбрежна стража

Сподели со своите пријатели

Најмалку 14 мигранти загинаа откако глисерот со кој патувале се судрил со брод на крајбрежната стража во близина на грчкиот остров Хиос.

Грчките власти објавија дека глисерот изведувал опасни маневри и дека во моментот на судирот во Хиос Теснецот, недалеку од селото Вронтадес, бил бркан, пишува Би-Би-Си.

24 лица се спасени, од кои некои се тешко повредени, додека други сè уште се водат како исчезнати.

Крајбрежната стража сè уште не ги разјаснила точните околности на судирот. Во вторник вечерта беше во тек операција за пребарување и спасување, во која учествуваа четири брода на крајбрежната стража, приватен брод со цивилни нуркачи и хеликоптер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Волмарт надмина трилион долари пазарна вредност

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека меѓу повредените има седум деца, една бремена жена и двајца припадници на крајбрежната стража.