Германците пијат сè помалку пиво: Продажбата на најниско ниво во последните 32 години

Сподели со своите пријатели

Продажбата на пиво во Германија се намали за шест проценти во 2025 година во споредба со претходната година, односно за 497,1 милиони литри на околу 7,8 милијарди литри, што е најниско ниво откако започна следењето на податоците во 1993 година, објави денес Федералниот завод за статистика (Дестатис).

За прв пат во историјата, вкупната продажба на пиво во Германија падна под границата од осум милијарди литри, се додава во извештајот.

Во споредба со 2015 година, продажбата на пиво е помала за 18,9 проценти, или околу 1,8 милијарди литри.

Најголемиот дел од пивото во Германија, околу 82,5 проценти, беше продаден на домашниот пазар и за него беше платен данок, при што домашната потрошувачка се намали за 5,8 проценти на 6,4 милијарди литри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од денес, туристите плаќаат за да пристапат до Фонтаната Треви во Рим

Останатите 17,5 проценти се однесуваат на продаденото пиво кое не било оданочено, бидејќи или било извезено во странство или било дадено на вработените во пиварниците, а во овој случај е регистриран пад од седум проценти на околу 1,4 милијарди литри.

Извозот во земјите од Европската Унија се намалил за 1,3 проценти на 798,5 милиони литри, додека извозот во земјите надвор од Европската Унија се намалил за дури 14,2 проценти, на 552,8 милиони литри.

Дестатис наведува дека вообичаениот сезонски модел бил присутен и во текот на 2025 година, при што продажбата се зголемувала во пролетните и летните месеци и се намалувала во текот на есента и зимата, но и дека долгорочниот тренд на намалување продолжил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина најавува ново вселенско супероружје: Има 120.000 тони и само една цел (ВИДЕО)

Пад е забележан и кај мешавините на пиво со безалкохолни пијалоци, како што се лимонада или кола, чија продажба во 2025 година е намалена за 5,2 проценти во споредба со 2024 година, на 402 милиони литри, според веб-страницата на Дестатис.