Завршено тестирањето на „Сејф сити“ во Куманово. Во иднина нови камери (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тестирање на камерите од проектот „Сејф сити“ во Куманово е завршено успешно, а во иднина ќе се надоградува со нови камери, информираше денеска портпаролот на Секторот за внатрешни работи Ивана Младеновска.

– Тестирањето, калибрација и верификацијата на поставените уреди и камери за сообраќаен надзор во рамки на проектот „Безбеден град“ се завршени. Во иднина е предвидено надоградување на системот и поставување на нови камери и функционалности на камерите за детектирање на сообраќајни прекршоци, изјави Младеновска.

 

 

Доколку граѓанинот смета дека не го сторил прекршокот за кој ќе добие известување за казна, истата може да ја обжали.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронајден починат во Биљановце

– Доколку граѓанинот смета дека не го сторил прекршокот има можност да покрене постапка пред Судот за прекршоци, при што МВР ќе ги достави сите докази со кои располага и судот е надлежен да се произнесе за исходот од постапката, појасни портпаролот.

 

 

Инаку, низа прекршочни дела биле регистрирани во текот на изминатата година токму за прекршоците кои ќе ги регистрираат камерите на „Сејф сити“.

Така за пребрзо возење лани биле казнети 889 возачи, дури 1007 казни биле напишани за недозволено паркирање, 29 за преминување на црвено светло, додека пак 364 за нерегистрирани возила.

 

 

Моментално во Куманово камери се поставени на неколку локации на булеварот „Октомвриска револуција“, излезот, односно влезот на градот, како и на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово загуби од Пелистер со 30 поени разлика

Системот „Сејф сити“ официјално ќе започне со функција во недела од кога досегашните опомени ќе преминат во казнувања.

Никола Ивановски