Кинески хакери со години ја прислушувале британската влада

Сподели со своите пријатели

Кина со години извршува хакерски напади врз мобилните телефони на високи функционери на британската влада, загрозувајќи ги комуникациите на самиот врв на Даунинг стрит, пишува британскиот весник Телеграф.

На мета биле блиски соработници на поранешните премиери Борис Џонсон, Лизa Трас и Риши Сунак.

Нападите датираат од 2021 година, но биле откриени дури во 2024 година, откако американските разузнавачки агенции предупредија дека хакерските групи поврзани со Пекинг добиле пристап до телекомуникациските компании ширум светот.

Операцијата, позната како „Солт тајфун“, според американски извори, сè уште е активна, што ја зголемува можноста дека биле загрозени и комуникациите на актуелниот премиер Кир Стармер и неговиот близок тим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си: Кина и Европа се партнери, а не соперници

Хакерите не нападнале поединечни телефони директно, туку се фокусирале на телекомуникациската инфраструктура, добивајќи пристап до повиците, пораките, метаподатоците и информациите за локацијата на милиони корисници, вклучително и високи владини функционери.

Британската разузнавачка служба МИ5 уште во ноември го предупреди парламентот за сериозната закана од кинеска шпионажа.

Сето тоа се случува во неделата што Стармер патува во Кина, што е прва посета на британски премиер на земјата од 2018 година, со цел зајакнување на трговските и инвестициските односи.

Одлуката на владата да одобри изградба на голем комплекс на кинеска амбасада во Лондон, во близина на чувствителни комуникациски кабли, критичарите ја гледаат како дополнителна закана за националната безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бура во Британија, стотици училишта затворени, главните патишта блокирани

Лабуристите беа обвинети дека се премногу меки кон Пекинг.

Кинеското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека Кина не поддржува сајбер напади и дека самата таа е честа цел на такви активности.

Од друга страна, британската влада одби дополнително да ги коментира наводите за шпионажа.