Завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се игра во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб МКК Куманово ја доби организацијата на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција.

Раководството на клубот од Куманово, пројави интерес за организација на националниот кошаркарски Куп, ги исполни условите поставени од јавниот повик за организација на финалниот турнир, и ќе биде во улога на домаќин на завршницата од најмасовното клупско натпреварување.

Согласно со календарот за натпреварување, осумте најдобри екипи во машка конкуренција, ТФТ, МЗТ Скопје Аеродром, Кожув, Пелистер, Маџари, Работнички, Феникс 2010 и домаќинот МКК Куманово, ќе бидат на едно место, во Куманово, во периодот од 13. до 15. февруари, и ќе одлучат кој ќе биде носител на пехарот во ова натпреварување за натпреварувачката сезона 2025/2026.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Печалбарите протестираа пред Општина Куманово. Димитриевски ги повика на разговор (ВИДЕО)

Натпреварите ќе се играат во спортската сала во Куманово, а согласно со распоредот, во четвртфиналето, кое е на распоредот на 13. февруари, ќе се сретнат екипите на:

ТФТ – Феникс 2010

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Кожув – Маџари

Пелистер – МКК Куманово

Победниците од четирите четвртфинални средби ќе играат во полуфиналето кое е предвидено да се игра на 14. февруари, додека новиот победник во националниот Куп ќе биде познат по одигрувањето на големото финале кое ќе се игра на 15.февруари.

Интегрално соопштение: КФСМ