Петгодишниот Јордан Крстевски од Куманово со успешен настап на „Атина Опен“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кик-бокс клубот „Предатор“ успешно ја претстави Македонија на меѓународниот турнир „Athens Open 2026“, кој се одржа во Грција, настапувајќи со својот најмлад борец – петгодишниот Јордан Крстевски, кој и покрај својата возраст покажа големо срце и борбен дух.

За младиот кик-боксер Јордан ова беше негов прв натпреварувачки настап, во рамки на неофицијалната категорија за момчиња на возраст од 5 до 8 години.

 

 

Станува збор за ревијална категорија, во која борбите се одржуваат во една рунда во траење од 90 секунди, а резултатот не е од натпреварувачки карактер – двајцата борци се сметаат за победници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекинат и одложен натпреварот Куманово – Чаир

Целта на оваа категорија е најмладите преку игра и контролирана борба да се запознаат со основите на натпреварувањето, спортскиот дух и фер-плејот, без притисок од резултат.

Во таков амбиент, Јордан Крстевски ја одигра својата прва борба одлично, оставајќи позитивен впечаток и покажувајќи дека иднината на клубот е во сигурни раце.

 

 

Настапот на „Athens Open 2026“ претставува уште едно значајно искуство за КБК „Предатор“, кој континуирано вложува во развојот на најмладите спортисти и нивното правилно воведување во боречките спортови.

 

Никола Ивановски