Печалбарите чекаат одговор од директорката на УЈП за средба во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Печалбарите од Авганистан и Ирак ја поканиле директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова на трибина во Куманово.

 

 

Како што информираа на денешиот протест, градоначалникот Максим Димитриевски посредувал во комуникацијата со директорката, за што денеска упатија благодарност.

– Посебна благодарност упатуваме до градоначалникот на Куманово кој јавно се обрати пред Советот и изјави дека ќе помогне во решавање на овој проблем. Му заблагодаруваме за средбата која ни ја договори со директорката на УЈП. Ние уредно ја поканивме директоката со писмена достава и во моментов очекуваме нејзин официјален договор за таа средба, изјави Зоран Наковски, во име на учесниците на протестот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марјан Јанески премина во КК Бутел

 

 

Таа средба, како што појасни тој, планираат да биде како јавна дебата во големата сала на Комитет, која ќе биде отворена за засегнатите граѓани и за медиумите.

 

 

Упатија благодарност до Советот на Општина Куманово кој вчера отвори дебата за нивниот проблем, но и жалење што тоа не беше ставено на дневен ред.

На денешниот протест имаа поддршка и од граѓаните на Тетово кои се соочуваат со истиот проблем.

– Сите сме заинтересирани да биде законот, да биде регуларно. Ние ќе продолжиме со протестот доколку има управа за сите граѓани, ние сме платиле данок и и не може да плаќаме два пати. Ние не сме против законот, но треба да се почитува законот за сите граѓани, изјави Фариз Бајрами од Тетово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Температурите во пораст и услови за дожд

 

 

Протестите во понеделник ќе се преселат пред зградата на Општина Куманово, во период од 14 до 16 часот, а веќе во вторник кумановци ќе заминат во Тетово каде ќе се протестира пред тамошното одделение на Управата за јавни приходи.

Никола Ивановски