Марјан Јанески замина од МКК Куманово и вториот дел од кошаркарската сезона ќе ја продолжи во дресот на КК Бутел.
Скопскиот клуб вчера го објави своето ново засилување со кое ќе аттакува на влез во Суперлигата на Македонија од следната сезона.
Во меѓувреме кумановци ќе мора да најдат замена за Јанески, а се шпекулира дека во тимот на Марин Докузовски ќе пристигне засилување од Работнички, иако засега нема официјална потврда.
Сезоната за МКК Куманово продолжува во недела кога на домашен терен ќе го пречекаат составот на КК Чаир.
Никола Ивановски

