Четириесетгодишна кумановка вчера попладне била приведена под сомнение дека упатила закани кон нејзина помлада сограѓанка.
– На 13.01.2026 во 14:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Д.С.(40) од Куманово затоа што на 12.01.2026 во продажен објект во Куманово, а подоцна и на плоштадот агресивно се однесувала и и упатувала закани на М.П.(24) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

