Жена се заканувала на 24-годишна кумановка

Сподели со своите пријатели

Женско лице вчеравечер се заканувало на 24-годишна кумановка и била агресивна кон неа, првин во продажен објект, а потоа и на плоштадот.

– На 12.01.2026 во 19:30 часот во СВР Куманово, М.П.(24) од Куманово пријавила дека во продажен објект на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, а подоцна и на плоштадот, едно женско лице агресивно се однесувало кон неа и ѝ упатила закани, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе субвенционира дел од трошоците за комунални услуги за најранливите категории