Белата куќа објави фотографија на X од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, наспроти мапа на Гренланд, со порака до корисниците на X да „кликнат за да ја следат ситуацијата“.
Објавата не даде дополнителни детали за контекстот или настаните на кои се однесува.
Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн претходно предложи закон што ќе му даде на Трамп овластување „да ги преземе потребните чекори“ за да го преземе Гренланд и да го започне процесот на негово припојување кон Соединетите Американски Држави.
„Мислам дека е во интерес на светот Соединетите Американски Држави да имаат суверенитет над Гренланд“, изјави Фајн, републиканец од Флорида во Претставничкиот дом, за Фокс њуз во понеделник.
Тој рече дека Конгресот сепак ќе треба да одлучи дали да го прогласи Гренланд за 51-ва федерална држава на САД, но дека законот што го предложил „едноставно ќе го овласти претседателот да го прави она што го прави и да каже дека Конгресот е зад него“.
Tap to monitor the situation. pic.twitter.com/eMCwc6sE3e
— The White House (@WhiteHouse) January 13, 2026

