Зеленски предлага продолжување на воената состојба и мобилизацијата

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска до Парламентот на Украина, Врховната Рада, достави нацрт-закони за продолжување на воената состојба и општата мобилизација во земјата.

Како што објави Укринформ, на веб-страницата на украинскиот Парламент се објавени нацрт-законите од 12 јануари 2026 година – број 14366, кој се однесува на потврдување на претседателскиот декрет за продолжување на воената состојба во Украина, и број 14367, за потврдување на декретот за продолжување на општата мобилизација.

Предлозите за закони се испратени до надлежниот комитет на Врховната Рада на разгледување.

Претходно, на 30 октомври 2025 година, претседателот Зеленски потпиша закони со кои се продолжија роковите на воената состојба и општата мобилизација во Украина, потсетува Укринформ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британскиот министер за одбрана за малку избегнал напад од руски „Орешник“