Од понеделник печалбарите од Блискиот исток секој ден на протест пред УЈП Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово кои изминатите години работеле низ американските воени бази во Ирак и Авганистан од понеделник ќе ги интернзивираат протестите пред Управата за јавни приходи.

Секојдневно од понеделник во период од 14 до 16 часот, тие ќе ја блокираат крстосницата пред зградата на УЈП Куманово во знак на револт поради ретроактивното оданочување на нивните плати заработени пред пет години.

– Ова е борба за остварување на нашите права, за нашето достоинство и за иднината што нема да ја прифатиме со наведната глава. Излезете масовно – бројноста е нашата најголема сила. Секој што не може лично да присуствува од оправдани причини, нека испрати некој што може – член од семејството, пријател или колега, стои во повикот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силувале и уценувале малолетно девојче од Липково, две лица во притвор

Досега се одржаа два протести пред Управата за јавни приходи во Куманово од каде печалбарите од Блискиот исток побараа да бидат ослободени од плаќање данок, оти 183 дена биле надвор од државата, а воедно компаниите за кои работеле веќе платиле данок во матичните држави.

Побараа УЈП по службена должност да обезбеди потврди од даночните служби на Ирак и Авганистан, оти тие сами не можат да одат таму за да добијат таков документ.

Во меѓувреме бараат донесените решенија да бидат запрени за да не се соочат со присилна наплата додека пред институциите докажат дека нивниот данок веќе бил платен во странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силувале и уценувале малолетно девојче од Липково, две лица во притвор

 

Никола Ивановски