Приведен кумановец, возел со 2,28 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел под дејство на алкохол.

– На 08.01.2026 година во 22:10 часот во село Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.С.(48) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „фолксваген“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2.28 промили алкохол во крвта.

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од понеделник печалбарите од Блискиот исток секој ден на протест пред УЈП Куманово

Никола Ивановски