Трамп го пофали Орбан и му посака „среќа“ во изборната кампања

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, испрати писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан во кое му посака „среќа“ во изборната кампања.

Во писмото, Трамп му се заблагодари и на Орбан за поканата за Унгарија и најави дека неговиот тим ќе остане во контакт во врска со распоредот на посетите, објави „Мајар Немзет“.

Тој го пофали лидерството на Орбан, истакнувајќи ја неговата доследност во застапувањето на верата, семејството и суверенитетот.

Изборите во Унгарија се очекуваат во април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет американски држави поднесоа тужба против администрацијата на Трамп