Повеќе од еден милион претплатници во регионот Дњепропетровск останаа без греење и водоснабдување, објави денес на Телеграм министерот за заедница и територијален развој на Украина, Олексиј Кулеба.
Во тек се поправки на централизираните системи во неколку населени места, а тимовите интензивно работат на враќање на снабдувањето, објави Укринформ.
Куќите на левиот брег на Днепар моментално се снабдуваат со вода под намален притисок, додека критичните инфраструктурни објекти работат на резервни извори на енергија.
Во соседниот регион Запорожје, кој исто така беше погоден од руски напад со беспилотни летала на 7 јануари, струјата оттогаш е вратена, вклучително и во стратешките објекти.
Возовите во двата региона повторно сообраќаат, а станиците и инфраструктурата за греење функционираат со поддршка на генератори.
Нападот со беспилотни летала предизвика целосен прекин на електричната енергија во регионот Запорожје, а работите за враќање траеја во текот на целата ноќ, објави Танјуг.

