Реката Пчиња во Куманово е над просекот за овој период од годината, но нема опасност за излевања тврдат надлежните.
Според мерните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Пчиња двојно нараснал изминатото деноноќие и утринава изнесува 84 сантиметри, во споредба со 42 измерени вчера наутро.
Тоа е нешто над просечниот водостој кој го покажувала мерната станица во селото Пелинце во изминатите години, кој изнесувал 50 сантиметри.
Како што соопшти вчеравечер Центарот за управување со кризи, во Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово – нема излевање на реки, ниту евидентирани последици од врнежите.
Никола Ивановски

