Кумановец се заканувал на сограѓанин во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчеравечер поради упатување на закани кон сограѓанин во угостителски објект.

– На 04.01.2026 во 22:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Д.З.(38) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово се заканувал на Љ.С.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против Ф.Д.З. ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски