Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (41) и Д.А. (41), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено, на 23.08.2016 година од страна на полициски службеници извршена е опсервација на насад од канабис, при што на местото биле затекнати пријавените како го одгледуваат. Притоа биле пронајдени 63 стебла од растението канабис.
Од преземени мерки било утврдено дека во текот на 2016 година првопријавениот неовластено набавил 63 растенија – расад од растителниот род канабис кој заедно со второпријавениот ги насадиле покрај Блидежка Река во атар на с. Ветуница, општина Ранковце, со цел истата да ја пуштат во промет.