Димитриевски учествуваше на меѓународен форум во Белград (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, заедно со раководителот на секторот за култура, спорт и социјала, Александар Крстевски, изминатите два дена учествуваше на третата меѓународна конференција „Србија – нашето семејство“, која се одржа во Белград, Република Србија.

 

 

Конференцијата беше посветена на поттикнување сеопфатен дијалог за популациската политика како важен сегмент од пошироките развојни стратегии, со акцент на нејзината примена на национално и локално ниво.

Настанот собра повеќе од 300 учесници, меѓу кои владини претставници, градоначалници, како и претставници на релевантни меѓународни и национални институции.

 

 

Пред присутните се обратија министерката за грижа за семејството и демографија на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, како и претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре на улицата „Тоде Мендол“

Во рамки на конференцијата беа одржани три панел-дискусии на темите „Пронаталитетни политики – компаративни искуства и следни чекори“, „Значењето на сеопфатниот пристап кон демографските предизвици“ и „Улогата на локалните заедници во справувањето со демографските предизвици“.

 

 

Панелистите споделија искуства од Србија, регионот и од повеќе европски земји, фокусирајќи се на предизвиците како депопулацијата, нискиот наталитет, миграциите и стареењето на населението.

Во своето обраќање, градоначалникот Димитриевски истакна дека локалната самоуправа има суштинска улога во имплементацијата на конкретни мерки, почнувајќи од директна финансиска поддршка за семејствата, па сè до инвестиции во предучилишната и училишната инфраструктура, урбаното планирање, развојот на локалниот пазар на труд и обезбедувањето достапни јавни услуги, прилагодени на реалните потреби на граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан и ограбен во центарот на градот

 

 

Според него, издржаните локални политики и активности создаваат средина која ги препознава потребите на семејствата и овозможува квалитетен, безбеден и стабилен семеен живот, што е клучно за долгорочен демографски и општествен развој.

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски