Натпреварувачи на кик-бокс клубот „Куманово 2006“ ќе учествуваат на престижниот меѓународен турнир „Balkan Best Fighter“, кој од денеска до 14 декември ќе се одржи во Ниш, Србија.
Турнирот се организира од Кик-бокс сојузот на Република Србија, согласно програмата на светската WAKO федерација.
Од клубот истакнуваат дека станува збор за исклучително реномиран и квалитетен турнир со силна конкуренција, но кумановските кик-боксери се подготвени за предизвикот.
– Трениравме посветено и ќе го дадеме максимумот. Се надеваме на квалитетни борби и медали, изјави тренерот на КБК „Куманово 2006“, Сашо Илиевски.
Тој нагласи дека ова е последниот турнир за натпреварувачката година и веруваат дека ќе ја заокружат со добри резултати.
На турнирот ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од повеќе балкански клубови, како и бројни екипи од Србија.
Никола Ивановски

