Заработувај додека слабееш – Jungle Gym нуди уникатен фитнес предизвик со парични награди

Сподели со своите пријатели

Jungle Gym Куманово го лансираше новиот „Jungle 20KG Challenge“, предизвик кој им овозможува на граѓаните истовремено да работат на своето здравје и да заработат пари.

За секој симнат килограм, учесниците добиваат по 10 евра, а максималната награда изнесува 200 евра за 20 успешно симнати килограми во рок од три месеци.

 

 

Од фитнес центарот истакнуваат дека овој концепт е создаден за да ги мотивира сите што сакаат промена, подобрување на здравствената состојба и трансформација на телото.

„Ова не е само фитнес предизвик, туку вистинска можност да го трансформираш телото, да си докажеш што можеш и буквално да наплатиш за секој килограм што ќе го симнеш“, велат од Jungle Gym.

Од теретаната порачуваат дека веруваат дека секој што работи на себе – заслужува награда, па затоа овој предизвик го воведуваат како дополнителна мотивација за сите што сакаат позитивна промена.

 

 

Предизвикот е наменет за сите кои се подготвени активно да тренираат и целиот процес на слабеење да го спроведат исклучиво во теретаната Jungle Gym. Надворешни мерења и резултати не се признаваат.

Jungle Gym се наоѓа на ул. Доне Божинов бр. 24 во Куманово.

Никола Ивановски