Кумановец приведен поради упатени закани

Сподели со своите пријатели

Педесет и деветгодишник од кумановското село Романовце бил приведен вчера попладне по пријава дека упатувал закани.

– На 01.12.2025 во 14:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.А.(59) од с.Режановце, кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на В.С.(42), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  15-годишник од Куманово крадел од приватен имот