Катастрофа на Суматра: Најмалку 94 мртви, 80 исчезнати во поплави и лизгање на земјиштето

Сподели со своите пријатели

Најмалку 94 лица загинаа во силни поплави и лизгање на земјиштето што го погодија индонезискиот остров Суматра, соопштија денес локалните служби за итни случаи, додека околу 80 лица се уште се водат како исчезнати, а речиси 80.000 се евакуирани.

Во градот Батанг Тору, еден од најтешко погодените во покраината Северна Суматра, локалното население денес ископа масовна гробница за седум неидентификувани жртви, бидејќи во градот нема мртовечница каде што телата би можеле да се чуваат до пристигнувањето на роднините, објавува Ројтерс.

Телата, завиткани во црни пластични кеси, беа транспортирани со камион до земјиште во сопственост на државна земјоделска компанија, каде што багер ја закопа гробницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Западен Брег: Израелските сили убија двајца Палестинци при предавање

„Пронајдовме 21 тело во локалниот здравствен центар… седум ќе бидат закопани“, рече началникот на општината Батанг Тору, Мара Тинги.

Надлежните служби предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми, бидејќи комуникацијата, патиштата и електричната мрежа се сериозно оштетени, а пристапот до погодените области е сè уште исклучително тежок.

Потрагата по исчезнатите продолжи и денес, а екипите работат на расчистување на свлечиштето и враќање на електричната енергија.

Во покраината Западна Суматра, повеќе од 100 луѓе се уште се заробени во своите домови и чекаат помош, соопштија локалните спасувачки служби.

Поплавите што погодија неколку земји од Југоисточна Азија, вклучувајќи ги Тајланд и Малезија, досега одзедоа најмалку 183 животи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО: Неплодноста е занемарен предизвик за јавното здравје