Бурата Адел ја зафати Атика, носејќи силни врнежи и повремен град. Некои делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини.
Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри дури од недела.
Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите може да бидат придружени со град и многу силни ветрови.
Цивилната заштита е во целосна готовност.
По состанокот на Комитетот за проценка на ризик, државниот апарат беше активиран во областите каде што се очекуваат најинтензивни катастрофи: во Источна Македонија, Тракија, Источен Егеј и Додеканезите.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвен аларм – се воведени за Северниот Егеј и Додеканезите.
Регионите на Јонските Острови, Епир, Западна Грција, Пелопонез, Централна и Источна Македонија и Тракија веќе се во ист режим на предупредување.
Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – бидејќи системите на бури се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.
Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.
Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во источна Македонија и Тракија, како и во делови од Халкидики, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.

