Томиќ: Подготвени сме за зимското одржување на улиците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е подготвено за зимско одржување на улиците во случај на врнежи од снег, информираше денеска директорот Сашо Томиќ.

– Ние сме спремни, имаме на располагање специјални машини, имаме доволно количини на сол, во случај на обилни падавини на снег, ќе интервенираме, програмата се зголемува, имаме дополнителни 20 улици кои ќе бидат опфатени со зимската програма за чистење на улиците и мислам дека ќе одговориме на потребите на градот, изјави директорот.

 

 

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ годинава само ќе ги одржува улиците во случај на врнежи од снег, без приватна фирма како што тоа беше пракса во минатото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се расчистува дивата депонија кај Искрин мост (ВИДЕО)

На втората седница на Советот на Општина Куманово беа изгласани измени на програмата со кои на комуналното претпријатие ќе му бидат доделени дополнителни пет милиони денари за оваа намена.

Со претходно одобрените средства, целокупната програма за зимско одржување на сообраќајниците изнесува 13 милиони денари.

Освен чистење на низа сообраќајници во централното градско подрачје, програмата предвидува чистење на снег од двата плоштада и паркинг простори пред зграда на Општина, Суд, Полиција, Пошта, Болница, Банки и други локации, доколку висина на снег не надминува 12 сантиметри.

Исто така се предвидува, пробивање на патеки пред пешачки премини во широчина на истите и тоа на улици кои се во усвоената програма за тековно одржување, како и чистење на снег од автобуски постројки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец во Хрватска обвинет за силување проститутка од Венецуела

Во текот на изминатите години, општината распишуваше тендер за зимско одржување, каде покрај јавното претпријатие, учествуваше и приватна фирма која обично чистеше во руралните делови од градот.

Во просек, јавното претпријатие изминатите години изведувало по 15 чистења годишно.

Никола Ивановски