Библиотеката „Тане Георгиевски“ одбележа 80 години постоење (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со свеченост во салата на Занаетчискиот дом, Библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово денеска го одбележува големиот јубилеј – 80 години од своето постоење.

 

 

Директорката на институцијата, Марија Спасовска, истакна дека овој датум претставува круна на континуираниот развој и посветеност на библиотеката кон читателите и културата во градот.

– Исполнување на една визија што библиотеката си ја има зацртано. Библиотеките се едни свети места што создаваат многу нови пријателства, нови искуства, ни отвараат нови светови, порачувам на сите да читаат, оној кој чита живее илјада животи, оној кој не чита живее само еден – порача Спасовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИЗМАМЕНА КУМАНОВКА: Дала 165.000 денари, со надеж за работа во Швајцарија

 

 

Спасовска потсети дека развојот на библиотеката низ годините бил исполнет со бројни предизвици, но и големи чекори напред.

– Се развивала по еден потежок пат, од народно читалиште до барање донација од граѓаните, од 1.300 книги на почетокот во своите почетоци од 1945 година, за да прерасне подоцна и да добие свој простор, да почне да обезбедува поголем книжен фонд. Имаме и детски оддел од 2005 година што функционира и денеска сме една модерна библиотека, што ги следи модерните текови на времето и се става во целосна услуга на корисниците и нивните современи потреби, додаде директорката.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово вечерва го пречекува тимот на ЖРК Металург

Таа најави и нови проекти и планови кои ќе ја зајакнат улогата на библиотеката како центар на знаење и креативност.

– Сега имаме набавка на нов книжен фонд и планираме да ја збогатиме програмата, да имаме поголемо учество на учениците, нивен поголем ангажман, да успееме некако да ги инспирираме да истржауваат, креативно да се развиваат и да читаат, изјави Спасовска.

 

 

Новите изданија што библиотеката ги набавува опфаќаат различни литературни области, со цел да ги задоволат интересите на широката читателска публика.

Јубилејот се совпаѓа и со традиционалната завршна манифестација што библиотеката ја организира секоја година во рамки на Месецот на книгата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја утре поголем дел од Куманово

 

 

Беа наградени најдобрите ученици кои освоиле прво, второ и трето место на ликовниот и литературниот конкурс, како и учесниците во натпреварот „Млад библиотекар“.

Со 80 години традиција, Библиотеката „Тане Георгиевски“ останува едно од најзначајните културни јадра на Куманово, посветена на промоција на читањето, знаењето и културниот развој на сите генерации.

 

Никола Ивановски